Манданда го замени Олимпиј Марсеј со Рен

Стив Манданда е пред трансфер во Рен. После помалку од една недела откако замина Хорхе Сампаоли, навивачите на Марсеј ќе мораат да се помират со заминувањето на еден од нивните миленици. Манданда кој има 37 години ќе го напушти „Велодром“ по вторпат во кариерата.

За разлика од претходниот пат сега нема да ја менува земјата. Тогаш во 2016 година потпиша за Кристал Палас каде што не се снајде и брзо се врати дома. Манданда е една од легендите на овој клуб каде што играше дури 14 години. Дојде од Авр во 2007 година на позајмица.