Мората и Саул се вратија во Атлетико по позајмиците во Јуве и Челзи
Атлетико Мадрид ги започна претсезонските тренинзи за новата сезона. Фудбалерите се собраа во Мадрид, но утре заминуваат во Сеговија на двонеделен камп.
Првата контрола на екипата ќе биде на 27 јули против Нумансија. Три дена подоцна избраниците на Диего Симеоне во Осло ќе ги одмерат силите со Манчестер Јунајтед, а на 4 август ќе играат со Кадиз.
На почетокот на подготовките се собраа 29 играчи, меѓу нив и Алваро Мората и Саул Нигез кои се вратија од позајмица. Се појавија и новите засилувања Аксел Витсел и Самуел Лино. Во оваа фаза нема поголеми промени во составот, единствена посериозна е заминувањето на Луис Суарез кому му истече договорот.