Спонзорите бараат од Манчестер Јунајтед да го задржат Роналдо
Англиските медиуми пренесуваат дека главните спонзори на Манчестер Јунајтед не сакаат Кристијано Роналдо да го напушти клубот од Олд Трафорд.
Информациите велат дека на спонзорите не им се допаѓа идејата маркетиншки најисплатливиот фудбалер да го напушти клубот и дека челниците на Јунајтед се под голем притисок да го задржат Роналдо.
Португалскиот фудбалер не се појави на подготовките на Манчестер Јунајтед и не замина на турнејата со својот клуб во Азија, наводно поради семејни причини.
Роналдо е разочаран од неактивноста на Манчестер Јунајтед во преодниот рок, а воедно сака и во наредната сезона да настапува во Лигата на шампиони.
Роналдо на Олд Трафорд пристигна минатата сезона, а има договор со клубот до јуни наредната година.