Рома го враќа Хамес Родригез во Европа
Колумбискиот играч за врска Хамес Родригез може да биде ново засилување за италијанската екипа Рома, пишува „АС“.
Фудбалерот моментално е дел од катарскиот Ал Рајан, но клубот се обидува да го продаде. Играчот неодамна одби две понуди од Јужна Америка бидејќи сака да игра во Европа. Родригез има 30 години и верува дека се уште може да биде добар во Европа, каде што веќе играше за Порто, Реал Мадрид, Баерн (Минхен) и Евертон.
За него Рома е идеална опција, бидејќи повторно ќе работи под водство на португалскиот стручњак Жозе Мурињо, со кого е во добри односи.