Еурофарм Пелистер со директно учество во групната фаза од Европската лига

Ракометниот вицешампион на Македонија, Еурофарм Пелистер ќе има директно учество во групната фаза од Европската лига на ЕХФ.

Ракометарите од Битола нема да играат квалификациски натпревари за пласман во ова натпреварување после одлуката на ЕХФ екипата да има место заедно со тимовите на Бенфика, Фуксе Берлин, Пау, Јиштад, Кадетен Шафхаузен, Гранољерс, Балатонфуреди, Татран Прешов, Мотор Запорожје и Валур.

Во минатите две сезони на Европската лига, Еурофарм Пелистер успешно ја минуваше фазата по групи но понатаму во натпреварувањето беа елиминирани од Магдебург, односно Нексе.