Џеко одбил понуда од Јувентус

Един Џеко ја одбил понудата на Јувентус, откри италијанскиот новинар Алфредо Педула. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина претпочита да остане во Интер, иако со враќањето на Ромелу Лукаку сигурно е дека ќе добие помалку шанси во новата сезона.

Јуве изминатиот викенд дал конкретна понуда за Џеко, но 36-годишниот напаѓач ја одбил. За да покаже дека е амбициозен да се бори за своето место во Интер, тој дури и предвреме пристигнал на почетокот на летните тренинзи.

На Масимилијано Алегри навистина му се допаѓа стилот на игра на Џеко и не е првпат да го сака во својот тим. Минатата кампања Бошњакот постигна 17 гола на 48 натпревари во сите натпреварувања.

Неговиот договор со Интер е до летото 2023 година, а неговата плата е 4 милиони евра по сезона.