Дибала и официјално во Рома

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала е нов играч на Рома, соопштуваат од римскиот клуб.

Дибала доаѓа во Рома како слободен играч, откако во јуни му истече договорот со Јувентус, каде настапуваше седум години и одигра 293 натпревари.

Аргентинецот со тимот предводен од Жозе Мурињо потпиша договор на три години, за годишна плата од 4,5 милиони евра, и можни дополнителни бонуси од 1,5 милиони евра по сезона.

Рома во договорот стави многу ниска откупна клаузула од само 20 милиони евра, и прашање е дали Дибала ќе остане во вечниот град до 2025 година.