Лисандро Мартинез со официјална промоција во Манчестер Јунајтед
Доскорешниот фудбалер на Ајакс, Лисандро Мартинез, и официјално го потпиша својот петгодишен договор со Манчестер Јунајтед.
Екипата од Олд Трафорд за 24-годишниот аргентински дефанзивец плати 57,37 милиони евра плус 10 милиони евра низ дополнителни бонуси. Договорот е потпишан на пет години, со можност за продолжување на соработката на уште една година.
Мартинез во Јунајтед повторно ќе соработува со тренерот Тен Хаг со кого имаше успешна соработка во Ајакс.