Белгиецот Де Кателар ја намали платата за да премине во Милан
21-годишниот белгиски играч од средниот ред на Бриж, Шарл де Кетелар е се поблиску до Милан.
Преговорите меѓу двата клуба се во завршна фаза, а се очекува „росонерите“ да платат 35 милиони евра плус бонуси.
За да го забрза преговарачкиот процес, самиот фудбалер направи отстапки за висината на платата и наместо 2,5 милиони евра, ќе зема 2,2 милиони.
Неговиот договор се очекува да биде до летото 2027 година.