Гатусо го носи Белоти во Валенсија
Валенсија започна преговори со италијанскиот напаѓач Андреа Белоти за трансфер како слободен играч. Првиот понуден личен договор е до 2025 година со опција за продолжување на уште една година, објави новинарот Николо Шира на Твитер.
Според изворот, главниот тренер на Валенсија, Џенаро Гатузо е љубител на напаѓачот уште од времето во Палермо. Исто така, Италијанецот беше подготвен да го купи овој играч кога беше на чело на Милан.
Андреа Белоти е без клуб откако во јуни оваа година му истече договорот со Торино. Минатата сезона во Серија А, напаѓачот одигра 22 натпревари на кои постигна 8 гола и 1 асистенција. Во 2017 година Белоти беше на радарот на многу врвни клубови во Европа, но управата на Торино побара околу 100 милиони евра за играчот, кои гигантите одбија да ги платат.