Депај: Ќе останам во Барса дури и ако потпишат шест напаѓачи
Мемфис Депај им кажал на играчите на Барселона дека нема да го напушти каталонскиот клуб, пренесува „Диарио Спорт“.
28-годишниот Холанѓанец се сврте кон соиграчите во соблекувалната и рече:
„Ќе останам дури и ако потпишат уште шест напаѓачи“.
Депај е изненаден од однесувањето на управата на Каталонците откако минатото лето дојде во клубот како слободен играч и направи значително намалување на платата.
Во исто време, Мемфис Депај има намера целосно да го исполни неговиот договор кој е со важност до 30 јуни 2023 година. Минатата сезона тој постигна 13 гола и направи две асистенции на 37 натпревари за Барселона во сите натпреварувања.