УЕФА го казни Фенер заради скандирањето со името на Путин

Фенербахче е казнет од УЕФА поради скандирање на името на рускиот претседател Владимир Путин.

Навивачите на турскиот тим го скандираа името на Путин за време на натпреварот против Динамо Киев во 2. коло од квалификациите за Лигата на шампионите, откако Виталиј Бујалски постигна гол во реваншот за 1-1 и го прослави пред трибините каде се наоѓаа навивачите на Фенербахче. Тој со рацете го прикажа симболот на орел, инаку знакот на Бешикташ, најголемиот ривал на клубот од Истанбул.

УЕФА донесе одлука да го санкционира ваквото однесување, па Фенербахче е казнет со 50.000 евра, како и еден натпревар кој ќе треба да го одиграат пред намален капацитет на стадионот од 5.000 седишта.

Европската куќа на фудбалот соопшти дека турскиот клуб е казнет поради „провокативни извици од навредлив карактер“.

Останува да се утврди кога Фенербахче ќе ја одлежи оваа казна, иако се поизвесно е дека тоа ќе се случи во плеј-оф натпреварот за пласман во Лига Европа, со оглед на тоа што во третото квалификациско коло во Турција ја совладаа Словачка со 3-0 и мирно го чека реваншот. Доколку ги одбранат овие три гола предност, ривал за премин во групната фаза од Лигата на Европа ќе им биде Австрија од Виена.