Еурофарм Пелистер го објави најновото засилување

Тунискиот ракометар Мохамед Суси е нов член на македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер.

Левиот бек на туниската репрезентација во тимот од Битола пристигнува од францускиот клуб Трембле. Трансферот на Суси ќе се официјализира откако ќе бидат завршени неопходните медицински прегледи.„РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека постигна целосен договор со тунискиот репрезентативец Мохамед Суси. До официјализација на трансферот недостигаат само медицинските прегледи кои ракометарот ќе ги реализира утре по пристигнувањето во Македонија. Клубот во текот на утрешниот ден ќе ги обелодени деталите од соработката со новиот свој член“, соопштуваат од клубот.