Фирмињо подготвен за дербито со Манчестер Јунајтед
Конечно доза на добри вести за Ливерпул и Јирген Клоп. Бразилскиот напаѓач Роберто Фирмињо се опорави од повредата и ќе биде подготвен за настап на Олд Трафорд во дуелот со Манчестер Јунајтед.
Ова е одлична вест за тренерот на Ливерпул Јирген Клоп, поради фактот што напаѓачот Дарвин Нуњез нема право на настап на три натпревари поради добиениот црвен картон на средбата со Кристал Палас.
Големото англиско дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул се игра во понеделник на Олд Трафорд.