Чурлинов: Дојдов да го вратам Барнли во Премиер лигата
Македонскиот фудбалски интернационалец Дарко Чурлинов направи трансфер во Англија. Чурлинов во наредните четири години ќе ги брани боите на Барнли.
Младиот офанзивец за клупската страница изјави дека е возбуден што ќе има можност да учи во тимот, кој моментално се натпреварува во Чемпионшип.
„Ова е ново поглавје во мојот живот, прилично сум возбуден и многу сум среќен што сум овде. Нема време за губење и навистина се радувам на утрешниот ден и на претстојните недели. Првиот пат кога слушнав за интересот од Барнли, тоа беше многу возбудлива вест за мене. Размислував за тоа и мислам дека можам многу да му донесам на овој тим. Мислам дека е многу важно овој клуб да се врати во Премиер лигата и тука сум да помогнам тоа да се случи. Фудбалот во Англија е поинаков, се игра со различен стил, со нетрпение очекувам да учам овде“, изјави македонскиот репрезентативец.