Депај останува во Барселона

Холандскиот репрезентативец Мемфис Депај и покрај бројните преговори и гласини за негов трансфер, тој одлучи до крајот на сезоната да остане во Барселона.

Депај во редовите на клубот од Камп Ноу пристигна минатата година од Лион, кога тренер на екипата беше неговиот сонародник Роналд Куман. 

После пристигнувањето на Чави на тренерското место во Барса, Депај го загуби статусот на првотимец, па поради тоа неговото име се поврзуваше со трансфер во бројни клубови. Сепак Холанѓанецот се огласи преку социјалните мрежи и потврди дека одлучи да остане во Барселона и да се бори за место во тимот.