Димитар Пандев потпиша за МЗТ Скопје
Новопечениот македонски кошаркарски репрезентативец, Димитар Пандев (24 год, 208 см), е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром.
Ова ќе биде прв настап на одличниот крилен центар за клуб од Македонија на сениорско ниво, со оглед што поголемиот дел од досегашната кариера ја мина во странство, најмногу во САД. Пандев четири години беше дел од НЦАА-лигата каде што го носеше дресот на универзитетите Солт Лејк, Кларендон и за Универзитет Индијана-Пердју универзитет Индијана (УИПУИ).
Пандев е тринаесетиот кошаркар кој тренерот Александар Петровиќ ќе го има на располагање за новата сезона. Тука се уште Американците Бре Ајви, Еван Максвел и Мајк Кафи, Србинот Страхиња Миќовиќ, Турчинот Самит Јигитоглу како и македонските репрезентативци Дамјан и Војдан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Андреј Магдевски и Анреј Андоноски. Со првиот тим напорно работат и младинците Димитар Иванов, Марко Спасовски, Бојан Величковски и Виктор Стојковски.