Сопствениците на Манчестер Јунајтед ја одредија цената за продажба на клубот

Британскиот весник Дејли Мејл пренесува дека сопствениците на Манчестер Јунајтед, американското семејство Глејзер, за евентуална продажба на клубот ќе бара 3,75 милијарди фунти.

Според наводите во весникот продажбата на клубот би можела да се комплетира до крајот на годината, и истата би можела да биде најголема трансакција во историјата на спортот.

Меѓу потенцијалните купувачи се наведува еден од најбогатите Британци, Џим Ретклиф, како и водечките луѓе на Дубаи.

Семејството Глејзер е сопственик на Манчестер Јунајтед од 2005 година, меѓутоа навивачите од Олд Трафорд се незадоволни од начинот на кој тие го водат клубот и бараат нов сопственик.