Корберан доби отказ по лошата серија на Олимпијакос

Грчки Олимпијакос синоќа му врачи отказ на тренерот Карлос Корберан. Засега не се познати причините за раскинувањето на договорот. Корберан ја презеде функцијата на 1 август и по неполни два месеци веќе заминува од функцијата. Под негово водство тимот одигра 11 натпревари во сите натпреварувања, на кои забележа четири победи, четири пати ремизираше и претрпе три порази.

Викендов Олимпијакос загуби од Арис во натпреварот од грчкото првенство со резултат 2-1 и веројатно тоа беше иницијална каписла за управата да ја прекине соработката со него.

Во моментов, Олимпијакос е на шестото место во грчкиот шампионат со осум бодови. Корберан претходно беше главен тренер на англиски Хадерсфилд.