Халанд сака да заигра во сите најдобри европски лиги
Таткото на норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, Алф Инге, во документарецот „Халанд, големата одлука“ вели дека неговиот син се одлучи својата фудбалска кариера после Борусија Дортмунд да ја продолжи во Манчестер Сити, бидејќи англискиот клуб има најдобар проект за иднината.
Во документарниот филм Алф открива и дека неговиот син има желба да се испроба играјќи во сите најдобри европски лиги.
„Ерлинг би можел да остане во секоја лига максимално три до четири години. Тој помина две и пол години во Бундеслигата, сега нека одигра неколку години во Англија, па потоа уште толку во Шпанија, Италија“, порачува таткото на Халанд.