Чави: Лигата на шампионите е многу сурова кон нас сезонава
Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, е крајно разочаран по ремито со Интер (3-3) кое може да биде пресудно за елиминација на неговиот тим во Лигата на фудбалските шампиони.
Во групата, Баерн Минхен е сигурен патник во наредната фаза додека на „нероаѕурите“ им треба победа против Викторија Плзен за да одат понатаму. Доколку тоа се случи, шпанскиот тим ќе испадне од елитата.
„ Сите работи се сурови за нас, од стартот во Минхен, потоа во Милано и сега тука на „Камп Ноу“. Тоа е фудбалот на највисоко ниво, сите грешки се плаќаат“, вели Чави.