Шпанија нема да прати интервентна полиција на Мундијалот во Катар

Шпанија нема да испрати интервентна полиција во Катар за да помогне во одржување на јавниот ред за време на претстојното Светско фудбалско првенство како што тоа го бараше домаќинот на Мундијалот.     

Шпанското Министерство за внатрешни работи не сакаше да даде дополнителен коментар за одлуката и само го потврди претходниот извештај на радиото Кадена Сер, кое јави дека Шпанија размислува дали да испрати околу 115 полицајци во Катар, што на крајот го одби. Со популација помала од три милиони, од кои само 380.000 се државјани на Катар, оваа блискоисточна земја се соочува со недостиг на персонал додека се подготвува за едномесечниот фудбалски турнир, кој почнува на 20 ноември. 

Минатиот месец Турција најави дека ќе испрати повеќе од 3.000 припадници на интервентната полиција во Катар.