Арсенал потпиша нов договор со Габриел

Англискиот фудбалски клуб Арсенал ја продолжи соработката со бразилскиот дефанзивец Габриел Магаљаеш, со кого е потпишан нов договор со важност до 2027.година.

Габриел настапува во одлична форма за екипата предводена од тренерот Артета, па затоа челниците на Арсенал се одлучија за продолжување на соработката со Бразилецот, кој неодамна го доби и првиот повик во репрезентацијата на Бразил.

24-годишниот Габриел е член на Арсенал од 2020 година, и за клубот досега запиша 81 настапи.