Рафаел Варан неизвесен за настап на Мундијалот во Катар

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и француски репрезентативец, Рафаел Варан, заработи повреда на дерби натпреварот од Премиер лигата со Челзи.

Натпреварот кој се одигра на Стенфорд Бриџ заврши нерешено 1:1, а Варан поради повреда во 60.минута мораше да го напушти теренот.

Оваа повреда сигурно донесе немир не само во Манчестер Јунајтед, туку и во француската репрезентација, па селекторот Дешамп ќе биде во исчекување за сериозноста на повредата која би можела да го спречи настапот на Варан на СП во Катар.

Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, после мечот изјави дека повеќе детали за карактерот на повредата се очекуваат во наредните 24 часа.