Симеоне: Нема да поднесам оставка додека не ја освоиме Лигата на шампиони
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, во изјава за шпанските медиуми порача дека нема да си поднесе оставка после елиминацијата на екипата во Лигата на шампионите.
„Ова е тежок момент за клубот, но нема да поднесам оставка. Јас сум тврдоглав и се додека сум во Атлетико ќе инсистирам да стигнеме до трофејот во Лигата на шампионите, кој ни е навистина потребен“, вели Симеоне.
Атлетико Мадрид одигра нерешено 2:2 со Баер Леверкузен и на едно коло пред крајот од групната фаза во ЛШ, остана без пласман во осминафиналето.
Диего Симеоне има договор со Атлетико Мадрид до јуни 2024.година. Тој загуби две финалиња во ЛШ од Реал Мадрид, во 2014. и 2016. година.