Серхио Рамос се враќа во репрезентацијата на Шпанија
Медиумите во Шпанија пренесуваат дека фудбалерот на Париз Сен Жермен, Серхио Рамос, повторно ќе се најде на поширокиот список на репрезентативци за претстојното Светско првенство во Катар.
Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, на поширокиот список ќе има 55 фудбалери, а конечниот список со 24 играчи кои ќе настапат на Мундијалот во Катар ќе го објави на 9.ноември.
Рамос е поранешен капитен на шпанската селекција, со која во 2010 година ја освои светската титула во Јужна Африка.