Кеси сака да ја напушти Барселона бидејќи е незадоволен од минутажата

Фудбалерот на Барселона и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Френк Кеси, сака да го напушти каталонскиот клуб веќе во јануари, бидејќи е незадоволен од добиената минутажа во екипата од Камп Ноу.

Кеси во Барселона пристигна ова лето како слободен играч после неговиот настап во Милан, и со клубот потпиша четиригодишен договор. Неговото обештетување за напуштање на Барселона изнесува 500 милиони евра.

Според изданието Калчомеркато, Кеси веќе побарал поголема минутажа од тренерот на Барса, Чави, и се заканил со напуштање на клубот во јануари. Кеси оваа сезона за Барселона одигра само 12 натпревари и најчесто е резервен играч на тимот.