Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот на Далот

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед изгледа ќе ја активира клаузулата од договорот со фудбалерот Диого Далот за негово останување во клубот и наредната сезона.

Со продолжувањето на договорот, челниците на Јунајтед сакаат да го спречат евентуалното заминување на Далот како слободен играч и негова преселба во Барселона и Милан кои покажуваат голем интерес за негов ангажман.

23-годишниот Португаглец пристигна во Манчестер Јунајтед во 2018 година од Порто во трансфер вреден 19 милиони фунти. во сезоната 2020/21 тој беше испратен на позајмица во Милан, но по доаѓањето на преодниот тренер Ралф Рангник тој беше вратен во Јунајтед.

Оваа сезона Далот прикажува одлични настапи во екипата под водство на тренерот Ерик тен Хаг , и стана прв избор на позицијата десен бек.