Хрватска заработи казна од УЕФА поради однесувањето на навивачите

Дисциплинската комисија на УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска, поради однесувањето на дел од навивачите на натпреварот со Австрија во Виена, во рамките на Лигата на нации.

Хрватскиот фудбалски сојуз е казнет со 20 илјади евра и затворање на дел од трибините на следниот натпревар на репрезентацијата, поради дискриминирачко однесување.

Сојузот е казнет и со 20.625 евра поради фрлање на предмети на теренот од страна на навивачите, како и со 2.500 евра поради палење пиротехника.

Хрватска обезбеди пласман на завршниот турнир во Лигата на нации каде ќе играат и Италија, Шпанија и Холандија.