ПСВ Ајндховен негира понуда од Тен Хег за Гакпо

Директорот на ПСВ Ајндховен Марсел Брандс откри дека се сретнал со претставници на Манчестер Јунајтед во летото 2022 година за напаѓачот Коди Гакпо. ПСВ сакаше 50 милиони евра за својот играч.

„Манчестер Јунајтед нема дадено официјална понуда“, рече Брандс во изјава за новинарот Фабрицио Романо на Твитер.

23-годишниот Коди Гакпо е дел од школата на ПСВ Ајндховен. Напаѓачот оваа сезона има 23 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и 17 асистенции.

Договорот меѓу двете страни истекува во 2026 година. Претходно беше објавено дека Манчестер Јунајтед покажува голем интерес за потписот на холандскиот интернационалец.