Сопствениците на Ливерпул го продаваат клубот
Англискиот спортски портал „Атлетик“ пренесува дека компанијата Фенвеј спортс груп (ФСГ) која е сопственик на Ливерпул, одлучила да го продаде славниот фудбалскиот клуб.
Ливерпул е во сопственост на ФСГ од 2010 година кога за купување платија 300 милиони фунти.
Според информациите, сопствениците на клубот ги повикале сите заинтересирани страни да поднесуваат свои понуди. Минатата година „Форбс“ ја процени вредноста на клубот на 4,45 милијарди долари. Компанијата ФСГ одлучи дека во случај на добра понуда е подготвена за продажба на Ливерпул.