Клинсман: Бразил е фаворит за освојување на титулата во Катар

Поранешниот германски репрезентативец и селектор, Јирген Клинсман, е на мислење дека селекцијата на Бразил има најголеми шанси за освојување на титулата на претстојното Светско првенство во Катар.

Клинсман како играч со Германија ја освои титулата на СП 1990.година, а како селектор на популарните панцири, стигна до трето место на Мундијалот 2006.година.

„Имав голема среќа да учествувам на три Мундијали како играч и на два како тренер. Германија за ова СП има млад тим кој може да стигне далеку, па и да го освои СП. Но според мене фаворит за титулата е Бразил. Јас сум импресиониран како тие ги минаа квалификациите во Јужна Америка кои важат за најтешки. Сигурно тука е и Аргентина со Меси кој може да му донесе титула на својата земја што е неговa голем цeл. Што и да се случи ќе имаме драматично Светско првенство“, изјави Клинсман.