Два италијански клубови загреани за Американецот Пулишиќ

Офанзивниот фудбалер на Челзи, Кристијан Пулишиќ би можел да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.

24-годишниот Пулишиќ не е задоволен од својот статус во Челзи и малата минутажа која ја добива, па сака да ја промени средината. Неговиот договор со Челзи е до јуни 2024 година, а англискиот клуб за неговата слобода бара 30 милиони евра.

Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус, кои сакаат да го доведат во јануари.

Двата клуба ќе се обидат да го доведат на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.