Лукаку: Сакам да останам во Интер

Белгискиот фудбалер, Ромелу Лукаку, вели дека не сака да се врати во Челзи после завршувањето на неговата позајмица во Интер од Милано.

„Јас се надевам дека ќе останам во Интер, но треба да пронајдеме решение со Челзи. Сакам да останам во Интер долг период. Од оваа година и мојот син заигра за младите категории на Интер и ќе биде одлично ако останеме тука. Ќе разговарам со Челзи за да пронајдеме решение на крајот од сезоната“, изјавува Лукаку.

29-годишниот Белгиец, има договор со Челзи, кој го во јуни минатата година го испрати на позајмица во Интер. Лукаку беше незадоволен од неговиот статус во Челзи додека тренер на тимот беше Томас Тухел.