Анчелоти: Не можам да замислам дека Крос ќе престане да игра на 32 години
Тони Крос влезе во завршните месеци од договорот со Реал Мадрид, клуб на кој верно му служи скоро една деценија или поточно од 2014 година.
Играчот за врска освои се што можеше со „кралевите“, испиша историја со овој тим, но самиот тој пред неколку месеци најави дека може да замине и во фудбалска пензија кога ќе му заврши договорот.
Крос има само 32 години ( ќе го прослави 33 на 4 јнуари) што секако би било големо изненадување ако се реши за таков потег, па околу оваа тема краток коментар имаше тренерот Карло Анчелоти.
„Мислам дека Крос е јасен околу тоа и ќе му биде јасно наредниот месец. Како навивач, невозможно е да се замисли дека ќе престане да игра. Тој изјави дека сака да ја заврши кариерата во Мадрид и се надевам дека ќе може да продолжи“, рече Карло пред дуелот со Касерено во Куои.