Гвардиол го откри името на омилениот клуб
Јошко Гвардиол беше едно од најпријатните изненадувања на
Мундијалот во Катар пред еден месец.
Неговата цена драматично порасна на трансфер пазарот, откако
одигра маестрално во дресот на Хрватска, со која освоија бронзен
медал, како во Франција пред 24 години.
Гвардиол има договор со Лајпциг до 2027 година, но големи се
шансите тој да не го испочитува договорот, бидејки голем е интересот
за неговиот трансфер.
Иако првично се веруваше дека Реал и Челси ќе ја имаат предноста за
неговиот трансфер, сепак, Гвардиол порача дека во детството навивал
за Ливерпул, што даде до знаење дека и „црвените“ веројатно се дел
од трката за неговиот потпис.
„Мојот клуб од детството е Ливерпул. Од мали нозе ги гледам
нивните натпревари, ја следам детално секоја сезона, тоа е клубот кој
ми остана во срце“, јасно порача Гвардиол.