Елмас: За доброто на Наполи би играл и голман
Елиф Елмас имаше значително влијание во победата на Наполи синоќа против Сампдорија на гостувањето, каде победија со 0-2.
Македонскиот интернационалец беше стрелец на вториот гол, погоди од пенал и ја потврди одличната форма, негова и на клубот, а со овие бодови, Наполи се промовираше во есенски шампион во Серија А.
Очигледно дека расположен, позитивен и во форма Елмас, им е потребен на Наполи.
„Беше тешко, но ги заслуживме бодовите. Пенал шутира тој кој е сигурен дека ќе погоди, јас бев сигурен во тоа. Тренерот ми дава задачи на повеќе позиции и јас немам проблем со тоа. Доколку тренерот ме стави и на голманската позиција, нема да имам проблем и да бидам голман, секогаш ќе го дадам максимумот за овој тим“, порача Елиф Елмас.