Хари Мегваер демантира дека сака да го напушти Манчестер Јунајтед
Англиските медиуми пренесуваат дека капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, ги демантирал гласините дека сака да го напушти „Олд Трафорд“ бидејќи е незадоволен од минутажата.
„Имав некои здравствени проблеми после моето враќање од Светското првенство во Катар. Сега се чувствувам подобро. Имаме доста добри штопери во екипата, и конкуренцијата е јака, но јас ќе продолжам да се борам за поголема минутажа на теренот“, порача Мегваер.
29-годишниот англиски дефанзивец е член на Манчестер Јунајтед од 2019. година, а претходно има настапувано за Лестер, Хул, Виган и Шефилд.