Ајакс го отпушти тренерот Шредер

Фудбалскиот клуб Ајакс преку соопштение на официјалниот клупски сајт информира дека го отпушти тренерот Алфред Шредер.

„Ајакс одлучи да го смени Алфред Шредер. Тренерскиот договор беше со важност до 30.јуни 2024.година, но истиот ќе биде раскинат веднаш. Големиот број на загубени бодови и недоволното развивање на тимот се главните причини за оваа одлука. Управата на клубот повеќе нема доверба во понатамошна соработка“, стои во соопштението на клубот.

Своја изјава околу одлуката за тренерската смена, даде и извршниот директор на клубот, Едвин ван дер Сар, кој вели дека и покрај големиот број на трансфери и заминување на играчи, тренерот Шредер сепак имал достоен шампионски тим, меѓутоа екипата во последните неколку недели изгуби голем број на бодови и не бил забележан никаков напредок“, потенцира Ван дер Сар.