Лидс се засили со Мекени од Јувентус

Фудбалерот на Јувентус, Вестон Мекени, до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во Лидс Јунајтед.

24-годишниот американски фудбалер е трето засилување на Лидс Јунајтед во зимскиот преоден рок, после пристигнувањето на Макс Вобер и Жоржињо Рутер.

Од премиерлигашот соопштуваат дека на крајот од сезоната имаат можност за откуп на договорот на фудбалерот од средината на теренот.

Мекени ги помина младинските категории на Далас, од каде замина за Шалке, а потоа потпиша за Јувентус. Тој би можел да дебитира за новиот клуб на натпреварот од Премиер лигата против Нотингем Форест, кој се игра во недела.