Ериксен поради повреда ќе паузира три месеци
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед соопштува дека данскиот фудбалер Кристијан Ериксен заработи повреда и после првите проценки се очекува да биде надвор од теренот во наредните три месеци.
Тренерот на екипата од Олд Трафорд, Ерик тен Хаг, вели дека постои надеж оти Ериксен ќе се врати на време за битните натпревари кои следуваат во завршницата на сезоната.
Данецот во Јунајтед пристигна минатото лето како слободен играч од Брентфорд, и досега има запишано седум асистенции и еден гол.