Манчестер Јунајтед се засили со Марсел Сабицер од Баерн

Манчестер Јунајтед официјално објави дека во последниот ден од зимскиот преоден рок се засили со австрискиот фудбалер Марсел Сабицер кој доаѓа од Баерн Минхен.

Според постигнатиот договор Сабицер, ќе остане на „Олд Трафорд“ како позајмен играч до крајот на сезоната, и ќе го заменува повредениот Ериксен.

„Понекогаш во животот треба брзо да донесуваш важни одлуки. Од моментот кога разбрав дека постои можност да заиграм за Манчестер Јунајтед, знаев дека тоа е правилен избор. Мислам дека се наоѓам во пикот на кариерата и можам многу да придонесам за екипата со моето искуство и енергија. Нестрплив сум да ги запознаам моите нови соиграчи и тренерот, но и да заиграм пред фановите на Јунајтед“, изјави Сабицер после потписот за новиот клуб.