Арсенал го потврди потписот со Жоржињо

Фудбалскиот клуб Арсенал, во последниот ден од преодниот рок го доведе Жоржињо од Челзи.

Водечкиот тим на табелата во Премиер лигата, за трансферот на италијанскиот фудбалер плати 15 милиони евра. Жоржињо на „Стенфорд Бриџ“ помина четири и пол години, а сега ќе го носи дресот на популарните „тобџии“.

„Можам да ветам дека ќе дадам се од себе, што подобро да го претставувам овај клуб“, изјави Жоржињо после претставувањето во Арсенал.

Клубот предводен од тренерот Артета одлучи да го доведе искусниот 31-годишен играч од средината на теренот, откако не успеа да го реализира трансферот со Мојзес Каиседо од Брајтон.