Митровиќ доби друштво, Лукиќ за 8 милиони фунти во Фулам

Плејмејкерот на Торино и српски репрезентативец, Саша Лукиќ кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата во дресот на Фулам.

Лукиќ игра одлична сезона и го привлече вниманието на многу клубови, а беше голема желба на Жозе Мурињо кој сакаше да го доведе во Рома.

„Волчицата“ важеше како фаворит за неговиот потпис, но во трката се вклучи Фулам, кој на крајот излезе како победник и го доби неговиот потпис.

26-годишниот Лукиќ се обврза на договор со Фулам до 30.јуни 2027.година, а лондончани за него платија 8 милиони фунти.