Жиру нема намера да се повлече од настапите за репрезентацијата
Напаѓачот на Милан и репрезентативец на Франција Оливие Жиру, изјави дека нема намера да се откаже од настапите за „триколорите“.
Жиру во септември ќе наполни 37 години, и планира да го носи дресот на репрезентацијата и во квалификациите за Европското првенство 2024.година.
“ Не е готово. Не сум подготвен да го соблечам дресот кој ми е многу блиску до срцето. Имам мотивација да напредувам, а и физички сум спремен. Имам право да бидам избран за репрезентацијата на Франција“, изјави Жиру, кој е најдобар стрелец во историјата на француската репрезентација.