Атлетик Билбао ќе игра во домашни дресови во Мадрид, како дел од прославата на својот јубилеј
Атлетико Мадрид ќе му оддаде почит на Атлетик Билбао на претстојниот натпревар помеѓу двата тима од Ла Лига. По повод 125-годишнината од постоењето на баскискиот клуб, од Атлетико Мадрид ќе им овозможат на гостите да бидат со домашните дресови на мечот на „Ванда Метрополитано“, пишува „Марка“.
Почитта меѓу двата клуба е голема со оглед на нивната историја. Атлетико Мадрид е основан во 1903 година од тројца баскиски студенти кои живеат во Мадрид. Тие го гледаа новиот клуб како младински огранок на нивниот миленик од детството Атлетик Билбао, кој штотуку го виделе како го освојува финалето на Купот на Кралот во 1903 година.
На овој начин Атлетико Мадрид ќе ја покаже својата почит кон својот основачки клуб од Билбао. На натпреварот помеѓу двата тима ќе бидат повикани сите играчи и тренери кои го носеле црвено-белиот дрес на двата клуба.
Листата во никој случај не е кратка и ги вклучува Хавиер Клементе, Хулио Салинас, Сантијаго Езкеро, Андони Гоикочеа, Хавиер Ирурета, Дани Аранзубија и други. Натпреварот ќе биде специјален за играчот на Атлетик Билбао, Раул Гарсија, кој има над 200 натпревари за Атлетико Мадрид.