Кимпембе сериозно се повреди, се враќа дури следната сезона

Килијан Мбапе и Лионел Меси го здробија Марсеј во дербито за титула за ПСЖ да триумфира со 3-0, ама „светците“ останаа без нов играч пред реваншот за десет дена со Баерн Минхен, откако францускиот репрезентативец Перснел Кимпембе е загубен до крајот на сезоната.

Кимпембе има повреда на ахиловата тетива што значи најмалку пет месеци пауза, ако не и повеќе (Италијанецот Спинацола паузираше цела година), а оваа вест за потешката повреда на дефанзивецот ја соопшти тренерот на ПСЖ, Кристов Галтие.

Парижаните ќе ги сочекаат лекарските прегледи за точна дијагноза, но малкумина веруваат дека тие би биле поинакви од првичните проценки. Кимпембе веќе подолго време се мачеше со оваа повреда, а поради истата не беше дел од Франција на Светското првенство во Катар лани.

Оваа повреда на Кимпембе доаѓа откако ПСЖ веќе најмалку на еден месец поради оштетувања на скочниот зглоб го загуби и Нејмар, кој сигурно ќе го пропушти реваншот со Баерн во Минхен закажан за 8 март.