Ливерпул го нуди Луис Диаз за Рафаел Лeао

Ливерпул размислува да му понуди на италијанскиот шампион Милан сензационална трампа, пренесуваат медиумите на Островот.

Имено, „црвените“ се силно заинтересирани за ѕвездата на Милан и најдобар фудбалер во Серија А за минатата година, Рафаел Леао. Милан не сака да го продаде Португалецот, но доколку не стави потпис на нов договор на лето ќе мора да разгледува понуди.

Клоп е голем симпатизер на играта на Леао и е спремен да го „жртвува“ Луис Диаз за да го донесе на „Енфилд“. Милан пак во Колумбиецот гледа идеална замена за Леао, но бара доплата од најмалку 30 милиони евра.