Турски клуб се приклучи во трката по Миовски

Бојан Миовски со своите одлични настапи во дресот на Абердин во Шкотска привлекува се поголемо внимание.

Вчера се пишуваше дека интерес за Миовски покажал актуелниот премиерлигаш Саутемптон, а денес пристигнува вест за понуда од Турција. Очигледно настапите на Миовски и тоа како се следат, а има и зошто.

Турските медиуми објавија дека Бешикташ одредено време го следел Миовски и испратил понуда во износ од 1.8 милиониу евра со тоа шкотскиот тим би добил процент од следниот трансфер. Сепак, ваквата понуда Абердин веднаш ја одбил и ја оценил како „смешна“:

Миовски игра фантастична прва сезона за Абердин и во овој момент е трет стрелец во најсилната конкуренција во Шкотска со 15 постигнати голови на 27 натпревари.