Интер нема да го откупи Лукаку, Белгиецот се враќа во Челзи

Ромелу Лукаку летово ќе се врати во Челзи. Интер нема да го откупи белгискиот напаѓач, ова го потврди директорот на „нероаѕурите“, Бепе Марота.

„Позајмицата е договорена на уште една сезона и кога оваа ќе се заврши, Лукаку ќе се врати во Челзи. Тој не успеа да ја пронајде најдобрата физичка форма, за да се прикаже во најдобро светло. Лукаку и понатаму не е оној играч кој бевме навикнати да го гледаме“, изјави Марота.

Сезонава, Лукаку одигра само 18 натпревари, постигна пет голови и додаде една асистенција. Имаше проблеми со повредите и никако не успева да ја пронајде вистинската форма.

Останува да се види што со него ќе прави Челзи и дали Грем Потер ќе се обиде да го врати во старата форма затоа што токму во овој момент „деветка“ е она што му недостасува на Челзи.